ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ПОРАСНАА НА 3,9 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Најмногу се пласирани во хартии од вредност
Во однос на претходниот месец резервите се зголемени за 43 милиони евра.
Девизните резерви на крајот на ноември годинава изнесувале 3.963 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 43 милиони евра, соопшти Народна банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (55,8%), по што следуваат валутите и депозитите (33,8%) и монетарното злато (10,4%).