ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ИЗНЕСУВААТ 4,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Во декември во девизната каса се слеаја 575 милиони евра

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (52%), по што следуваат валутите и депозитите (38,8%) и монетарното злато (9,1%).

102

Девизните резерви на крајот на декември 2023 годинава 4,538 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 574,8 милиони евра, соопшти Народна банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (52%), по што следуваат валутите и депозитите (38,8%) и монетарното злато (9,1%).






Девизни резерви ја сочинуваат странската актива која се наоѓа под контрола на монетарната власт и се наоѓа на располагање за финансирање на нерамнотежата во платниот биланс како и за интервенција за девизниот пазар (влијание на девизниот курс) и за останати потреби.

Девизните резерви на државата во поширока смисла се состојат од девизни резерви на централната банка и девизните резерви на банките. Тие, меѓу останатото, служат за обезбедување на меѓународна ликвидност на земјата, остварување на задачите на монетарната политика и за полесен пристап на меѓународниот пазар на капитал.

Поврзани содржини