ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените
Шестмина биле фатени без возачка дозвола, а меѓу приведените има и малолетници.
Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија.
Според информациите, шест лица биле фатени како управуваат возило без возачка дозвола, еден возач возел нерегистрирано возило и без дозвола, еден бил зад волан под дејство на алкохол, додека друг управувал и покрај активна забрана за возење од Б категорија.
Без возачка дозвола биле затекнати двајца возачи во Неготино, од кои едниот е малолетник, како и по еден во Тетово, Кочани, Гевгелија и Скопје, каде што исто така бил приведен малолетник.
Во Кавадарци бил запрен возач кој управувал нерегистрирано возило и без положен возачки испит. Во Велес полицијата привела возач под дејство на алкохол, додека во Кочани бил фатен возач кој седнал зад волан и покрај изречената забрана.
Од МВР најавуваат дека по целосно расчистување на случаите ќе следуваат соодветни кривични пријави.
Полицијата повторно апелира до сите учесници во сообраќајот строго да ги почитуваат правилата, да не управуваат возило без дозвола, под дејство на алкохол или додека им трае забрана за возење, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.