ДЕВЕТ ГОДИНИ ЗЕМАЛ ИНВАЛИДНИНА ЗА ПОЧИНАТАТА МАЈКА Ја оштетил државата за 39.192 евра
Во Министерство за труд и социјална политика, тој не пријавил дека неговата мајка, која била корисник на права на семејна инвалиднина, починала на 22. јануари 2013 година.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Н.Љ.(60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.
Во Министерство за труд и социјална политика, тој не пријавил дека неговата мајка, која била корисник на права на „семејна инвалиднина”, починала на 22.01.2013, по што во периодот од 01.02.2013 до 06.03.2022 продолжил да ги користи правата. На тој начин тој нанел штета на Буџетот за сума од 2.410.328 денари (39.192 евра).