Детскиот фестивал Поточиња 2020 се одложува!
Тие додаваат дека сите кои набавиле билети ќе можат да извршат повраток на средствата на истото продажно место на кое ги купиле билетите.
Организаторите на Детскиот фестивал Поточиња, кој беше закажан за 21. и 22. март во Македонската опера и балет, соопштија дека се одложува поради настанатата ситуација со коронавирусот и согласно мерките од надлежните институции.
– Со оглед на природата на настанатата ситуација, информираме дека новиот термин за одржување на фестивалот ќе биде дополнително утврден и објавен, согласно состојбата во државата, во период кој ќе биде апсолутно безбеден за децата и граѓаните – велат огранизаторите.
Тие додаваат дека сите кои набавиле билети ќе можат да извршат повраток на средствата на истото продажно место на кое ги купиле билетите.