Детективот Монк го победи коронавирусот

706

Актерот Тони Шелхуб (66), познат по улогата на детективот Едријан Монк открил дека тој и неговата сопруга Брук Адамс (71) биле заразени со коронавирусот.

Тој гостувал во една американска емисија преку интернет, каде рекол:






– Помина еден месец откако мојата сопруга Брук и јас се заразивме со коронавирусот. Неколку недели беше мошне гадно. Свесни сме дека многу луѓе имаа коронавирус и дека на многумина им беше многу полошо – рекол Тони.

Тој се осврнал и на ликот на Едријан Монк кој го прослави. Тој измислен лик од хит американската серија има опсесивно-компулсивно нарушување. Тој демонстрирал како Монк би живеел во светот на пандемијата.

Тони рекол дека ќе поштата би ја ставал во микробранова печка, овошјето би го миел во машината за перење алишта, а од повик на Zoom би стоел шест метри подалеку.

FOTO: Tviter

 

Поврзани содржини