ДЕТЕ ЗАГИНА ВО НЕВРЕМЕТО ВО НОВИ САД Откриен идентитетот на 12-годишното момче
Детето било пронајдено во бессознание на улица, пред зградата на неговата тетка. Брзата помош се обидела да го спаси со реанимација која траела еден час, но за жал детето починало.
Стравичното невреме кое вечерва го зафати Нови Сад, однесе и еден млад живот. 12-годишно дете вечерва загина на улица пред зграда за време на олујата.
Детето Ј.В. (12) било пронајдено во бессознание на улица, пред зградата на неговата тетка. Брзата помош се обидела да го спаси со реанимација која траела еден час, но за жал детето починало.
Српските медиуми пренесуваат дека детето било пронајдено покрај инсталациите за гас кои искреле и дека се уште не се знае дали го удрила струја или гром. Истрагата е во тек.