ГО ПРЕГАЗИЈА ЗАТОА ШТО САКАЛ ДА ГО ЗАПАЛИ ФРАНЦУСКОТО ЗНАМЕ Откриено како се случил инцидентот по мечот Мароко-Франција (ВИДЕО)

Во неколку француски градови имаше нереди откако француската фудбалска репрезентација го совлада Мароко со резултат 2:0. 

710

Откриена е причината зошто беше прегазено 13-годишното момче во толпата во градот Монпеље по полуфиналниот фудбалски меч меѓу Мароко и Франција. Според Дејли Мејл автомобилот поминал врз него, бидејќи тоа сакало да го запали француското знаме, а било дел од навивчката група на Мароко. По прегазувањето, на снимката се гледа како автомобилот брзо се губи во далечината.

Во инцидентот во Монпеље, но и во Париз, Лион и во Брисел беа уаспени над 100 навивачи.

„Четиринаесетгодишно момче кое беше удрено со автомобил во Монпеље по полуфиналето на Светското првенство беше донесено во болница во тешка состојба, но подоцна почина”, се вели во соопштението на локалната власт.

 

Како што е соопштено, автомобилот кој учествувал во инцидентот бил пронајден во близина на местото на несреќата, а полицијата во моментов врши увид. Откако француската фудбалска репрезентација го совлада Мароко со резултат 2:0, избувнаа нереди во неколку француски градови.

 

Околу стотина навивачи се приведени синоќа во Брисел поради нередите по мечот, информираше новинската агенција Белга, повикувајќи се на полицијата. Навивачите се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, оштетување на две полициски возила и поседување забранети огномети, објави агенцијата изутринава.

Делови од патиштата во центарот на градот беа блокирани во пресрет на натпреварот, се вели во извештајот. На фотографиите кои ги објави Белга има купишта запалено ѓубре, голем број полицајци облечени во опрема за разбивање нереди и жители кои синоќа почнале да ги чистат улиците.

Мароко стана првата селекција од Африка која стигна до најдобрите четири на Светското првенство, откако ги исфрли Шпанија во осминафиналето и Португалија во четвртфиналето. Ја победија и Белгија во групната фаза.

Неколку лица беа уапсени и во текот на нередите во Антверпен, северно од главниот град, објави Белга.

Околу 170 лица се приведени и низ Франција, од кои повеќе од 100 во Париз, каде што имало масовни судири меѓу навивачите и полицијата се случија на Елисејските полиња. Вклучувајќи го и главниот град на земјата, група од 40 лица е приведена поради носење забрането оружје.

Немири се забележани и во Лион, Ница и многу други градови во земјата. Повеќе од 10.000 полицајци беа вклучени во одржувањето на редот низ цела Франција.

Во финалето на Светското првенство во 2022 година, Франција ќе игра против Аргентина. Натпреварот ќе се одигра в недела со почеток во 16 часот.

 

Поврзани содржини