ДЕТЕ РАНЕТО СО ВОЗДУШНА ПУШКА Маж пукал кон малолетник пред својата куќа

Полициските службеници го лишиле од слобода, а детето доби лекарска помош во Општа болница Струмица.

1

65-годишниот Б.М. од село Банско е приведен од страна на полициски службеници од СВР Струмица откако во средата навечер пукал со воздушна пушка кон малолетник од Струмица и го погодил во ногата.

Инцидентот се случил околу 20:30 часот во близина на куќата на Б.М., а детето веднаш било пренесено и му била укажана лекарска помош во Општа болница Струмица.






Воздушната пушка била пронајдена и одземена од Б.М., кој бил задржан во Полициската станица Струмица. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани содржини