МОМЧЕ ПРЕЖИВЕА ПАД ОД ЖИЧНИЦА Сега неговата тетка сака да го киднапира?

„Не го киднапиравме Ејтан…го донесовме дома“, се бранела тетка му по мајка, Гали Пелег, пред медиумите. Од друга страна, тетката по татко, кај која законски престојуваше Ејтан ја опиша веста како „нова трагедија за Ејтан“.

407

Ејтан Биран, момче кое го преживеа падот од жичница во кој трагично загина неговото семејство сега е под нова закана да биде киднапирано од сопствениот дедо, пренесува Јутарни. Или можеби не, бидејќи спорот меѓу останатите членови на неговото семејство, кој ќе го чува Ејтан создава уште поголема драма и ужас во неговиот живот.

Како се случи несреќата? Тоа беше во Италија, на жичницата Мотароне, кога заедно со неговиот помал брат, баба му, дедо му и родителите загинаа вкупно 14 луѓе. Оттогаш Ејтан, инаку Евреин по националност, е под старателство на неговата тетка (од страната на татко му), Аја Биран-Нирко и се чинеше дека сè си доаѓа на своето место – до оваа сабота.






Прво кај едната тетка, сега го киднапираат другата тетка и дедо му

Саботава, неговиот дедо по мајка, Шмулик Пелег, дојде во Италија со намера да го земе Ејтан и да го донесе во Израел со приватен лет, користејќи го израелскиот пасош на момчето, како што потврдија неколку израелски дипломати. Дедото дошол заедно со неговата друга тетка, од мајчин страна, која поднела документи за да го посвои.

– Не го киднапиравме Ејтан…го донесовме дома – се бранела Гали Пелег пред медиумите.

Од друга страна, тетката кај која престојуваше Ејтан ја опиша веста како „нова трагедија за Ејтан“.

13-мина починале на самото место

Да се потсетиме, несреќата на жичницата се случи во северна Италија, а истражителите веруваат дека сопирачките за итни случаи намерно ѝ биле саботирани. Од 14-мината почината, 13 луѓе починале на самото место, додека едно дете подоцна починало во болница.

Кој е крив што кочниците не работеле уште од 2014-та?

Неколку луѓе од компанијата која управуваше со жичницата се под истрага за инцидентот, а техничарот призна дека морал со гребло да ја деактивира сопирачката за итни случаи затоа што не била исправна.

Еден експерт за жичници додаде дека некои претходни видеа сугерираат дека сопирачката не работела уште од 2014 година.

Поврзани содржини