Дваесет и седум годишна девојка од Скопје се здобила со повреди откако додека управувала со својот велосипед во неа удрил автобус, на крстосницата спроти „Веро Центар“, информира МВР.
„На 26.12.2020 околу 18:00 часот на крстосница од бул.Кочо Рацин, бул.Кузман Јосифовски Питу, бул.Крсте Мисирков и ул.Кеј 13-ти Ноември случена е сообраќајна незгода помеѓу автобус ‘мерцедес бенз‘ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Џ.(40) и велосипед управуван од Д.С.(27). Во незгодата со повреди се здобила Д.С. и и била укажана помош во Приватна здравствена установа Систина. Извршен е увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти полицијата.