Детали од смртта на Наја Ривера: Го спасила синот, но не и себеси

4,633

Длабочината на водата каде ја пронајдоа Наја е помеѓу 10 и 18 метри и таму има многу дрвја. Нема знаци на насилна смрт или на самоубиство. Нејзиниот син Џоси бил на бродот со Наја тој ден.

По шестдневната потрага, полицијата го пронајде телото на актерката Наја Ривера, позната по улогата во серијата „Гли“. Во понеделникот наутро го пронашле телото на езерото Пиру во Јужна Калифорнија, а по идентификацијата можеле да потврдат само за кого станува збор, но не изнесувале никакви детали.






– Врз основа на местото каде е пронајдено телото, физичките карактеристики на телото, облеката пронајдена на телото и физичката состојба, земајќи ги предвид и пријавите и за исчезнати лица во таа област, потврдуваме дека телото што го пронајдовме му припаѓа на Наја Ривера. Пронајдена е во североисточниот дел на езерото, во близина на површината на водата – рекол шериф Бил Ајаб.

Но, сега, тие ги открија деталите за смртта. Длабочината на водата каде ја пронајдоа Наја е помеѓу 10 и 18 метри и таму има многу дрвја, пишува „Мирор“.

– Нема знаци на насилна смрт ниту на самоубиство – рекол шерифот.

Нејзиниот син Џоси (4) тој ден бил на бродот со Наја, а полицијата претпоставува како дошло до нејзината смрт.

– Сметаме дека чамецот почнал да плови, а не бил закотвен и таа одвај собрала доволно енергија за да го врати нејзиниот син на чамецот, но таа немала сила да се спаси себеси – велат од полицијата.

Телото на Наја исчезна на 8 јули, но беше пронајдено на 13 јули. На истиот датум пред седум години, почина колегата на Наја од серијата „Гли“ Кори Монтејт по предозирање во хотелска соба.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини