ДЕСТИЛЕРИЈА ЗА ГРОЗЈЕ И РЕВИЗИЈА НА УРБАНИЗМОТ Левица го промовира планот за развој на Кавадарци

Кандидатите на Левица најавија еколошки мерки, проекти за заштита на работниците и промени во локалната администрација.

179

Носителот на листата на кандидати за советници на Левица на претстојните локални избори во Кавадарци, Круме Богевски на вечерниот собир изјави дека партијата ќе спроведе ревизија на урбанистичките планови, ќе ја зајакне еколошката политика и ќе реализира проект за дестилерија, која со години била ветувана како решение за вишокот грозје во регионот. Настанот се одржа во присуство на претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

– Сметам дека ја сменив културата на досадните еднолики седници на Советот, каде претходно членуваа само клиентелисти. Луѓето почнаа да се интересираат за тоа што се случува со нивните пари, воздух и вода – рече Богевски, потсетувајќи на неговите „филибастеринг“ сесии кои траеле повеќе од 10 часа, со блокирање на штетни одлуки со стотици амандмани и иницијативи.






Богевски потенцира дека апсолутната власт во Советот е неконструктивна и дека Левица се залага за рамнотежа и контрола на одлуките.

– Ја продолживме борбата институционално и вонинституционално, со бранење на работничките права. Сме обезбедиле бесплатна правна помош за десетици сограѓани во имотно-правни спорови и пријави до трудов инспекторат. На пример, во летните горештини работниците во Дрекслмаер се онесвестуваа, додека другите партии молеа за донации, Левица беше единствената која поднесе пријава, по што конечно се обезбеди климатизација – истакна Богевски.

Во следниот мандат, Левица најави реализација на капитални проекти, вклучително поддршка за локалното земјоделство, подобрување на еколошката инфраструктура и развој на туризмот.

Поврзани содржини