Дестани: Ангажманот во политичкиот живот не бил и не е во моите планови и амбиции

773

Бизнисменот Љазим Дестани кои во некои медиуми беше споменат како можен кандидат за премиер на државата, веднаш откако ДУИ ја промовира кампањата „Албанец премиер на Македонија“ преку Фејсбук порача дека не е заинтересиран за ангажман во политичкиот живот.

– Бидејќи моето име е споменато во последните неколку дена како кандидат за премиер, би сакал да го објаснам целото мислење кое како што наведов во минатото, покрај бизнисот останувам посветен на полето на филантропијата. Ангажманот во политичкиот живот не бил и не е во моите планови и амбиции. Мојот придонес останува во полето на економскиот развој преку бизнис-претприемништво како што правев во текот на мојата кариера. Посакувам на изборите да има  влада која ќе ѝ служи на државата и на сите граѓани, напиша Дестани.






Кога беше пласирано името на Дестани за можем кандидат за премиер, од Мала Речица ниту ја потврдија ниту ја демантираа информацијата.

Поврзани содржини