ДЕСНИЧАРИТЕ ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА СТОЛЧЕТО, НАРОДОТ НА УЛИЦА Мрачни предвидувања за можен колапс на Русија

Ако Русија ги преживее овие превирања, најверојатно ќе стане вазал на Кина. Ако тоа не се случи, картата на Евроазија би можела да изгледа многу поинаку, пишува американскиот историчар Александар Мотли.

1,038

Жестока прогноза за колапс на Русија на американскиот историчар Александар Мотли ги разбранува медиумите. Написот објавен во Форин Полиси разгледува неколку сценарија за кои „крајно време е Русија да се подготвува“. Се вели дека по падот на Владимир Путин екстремните десничари ќе се борат за моќ, а не е исклучена ни револуција на улиците – нешто по кое рускиот народ е веќе познат.

За Мотли борбите во десницата ќе бидат меѓу структурите на власта, на службите и на десничарите кои не се во власта. Може со сигурност да се предвиди, пишува американскиот професор, дека борбата за моќ ќе го ослаби режимот и ќе го одвлече вниманието на Русија од преостанатите воени напори.






„Од друга страна, ослабениот режим во комбинација со нефункционална економија ќе ги натера незадоволните Руси да излезат на улица, можеби дури и со оружје, но и ќе охрабри некои од неруските политички единици кои ја сочинуваат Руската Федерација да бараат поголемо самовластие“.

Според Мотли главни кандидати за ваквата револуција се Татарстан, Башкирија, Чеченија, Дагестан и Саха.

„Ако Русија ги преживее овие превирања, најверојатно ќе стане вазал на Кина. Ако тоа не се случи, картата на Евроазија би можела да изгледа многу поинаку“, продолжува Мотли.

Но, дури и Путин да опстане, Русија би била многу ослабена, заклучува историчарот, а ниту Западот не треба да седи мирно пред ваквите настани.

Поврзани содржини