ДЕШИФРИРАН МИСТЕРИОЗНИОТ СИГНАЛ Зрак од далечна галаксија ги збунуваше научниците

Чудни работи се случуваат во повеќемилионскиот живот на едно тесно ѕвездено јато. Овде мислиме дека гледаме ѕвезда со необична приказна, вели еден од астрономите.

188

Астрономите конечно можат да се опуштат откако разоткрија што значи јакиот повторувачки сигнал кој беше откриен уште во јануари 2020 година. Сигналот доаѓа од галаксија оддалечена 12 милиони светлосни години од нашата планета, пишува Мирор. Брзите радио-бранови кои како рафали пристигнуваа, се сметало дека биле од галаксијата М81, сѐ до сега кога стана јасно дека се работи за ѕвезда-магнетар од истата галаксија. Но, што би правела ваква ѕвезда на ова место?

Џејсон Хеселс, од Универзитетот во Амстердам, вели дека магнетарите се најмоќните познати магнети на универзумот кои „дефинитивно не се опкружени со стари ѕвезди“.






– Ако она што го гледаме овде навистина е магнетар, тогаш тој не може да се формира од експлозија на млада ѕвезда. Мора да има друг начин – вели тој.

Астрономите веруваат дека магнетарот што ги предизвика блесоците во М18 можеби е предизвикан од мала ѕвезда од типот бело џуџе. Белите џуџиња се формираат од остатоци од изгорена ѕвезда која станала доволно масивна за да се сруши под сопствената тежина.

Астрономите, исто така, открија дека овие експлозии се неверојатно слични на оние што се гледаат во маглината Рак, која е остаток од експлозија на супернова која била видена од Земјата во 1054 година од нашата ера и за која старите народи и те како знаеле.

Франц Кирстен, кој го предводеше тимот на астрономи, рече:

– Чудни работи се случуваат во повеќемилионскиот живот на едно тесно ѕвездено јато. Овде мислиме дека гледаме ѕвезда со необична приказна.

Поврзани содржини