ДЕСЕТТЕ НАЈБОГАТИ РУСКИ OЛИГАРСИ Колку изгубија од почетокот на војната во Украина?
Од руската анексија на Крим во 2014 година, досега Западот санкционираше 20-тина руски милијардери, но тоа не им наштети толку многу, бидејќи повеќето од нив им го префрлија имотот на свои роднини и членови на семејството додека нивниот сопствен имот е претежно регистриран во даночните раеви како Британските Девствени или Кајманските Острови.
Заедно имаат богатство од неверојатни 186 милијарди долари, а за месец дена колку што трае војната во Украина изгубиле 38 милијарди. Најбогатите олигарси, или претприемачи во Русија, според Блумберг претрпеа мрачни денови, пишува Лидер. Порталот дава список на нивното богатство.
Најбогатиот човек во Русија, Владимир Потанин, поседува 35 отсто од акциите во Норилск Никел, или Норникел, компанија за ископување и топење никел и паладиум. Компанијата е најголемиот светски производител на паладиум, метал кој се користи како катализатор, но е и најголем светски производител на никел, суштински метал за батериите, но и за обновливите извори на енергија.
Потанин бил и поранешен вицепремиер на Русија и близок соработник на претседателот Владимир Путин. Љубител е на уметноста, а неодамна се повлече од музејот Гугенхајм во Њујорк, по 20 години како менаџер.
Ултрабогатите во Русија се исто така меѓу најголемите сопственици на приватни авиони и суперјахти, од кои некои беа запленети поради санкциите, а едната од јахтите е „заглавена“ во Хрватска. „Малата“ 35-метарска јахта на сопругата на санкционираниот руски олигарх Алишер Усманов, кој е петти најбогат Русин, моментално е на копно во близина на марината Бетина на островот Муртер.
Покрај малата, Усманов ја поседува и најголемата моторна јахта на светот, наречена „Дилбар“, долга 156 метри и наводно чинела 800 милиони долари. На јахтата работи екипа од дури 84 членови со полно работно време. Можеби сега имаат скратено работно време. И таа јахта му беше конфискувана, овојпат од германските власти кои подоцна открија дека „вистинскиот“ имот е регистриран на Кајманските Острови.
DILBAR Yacht – Alisher Usmanov’s Incredible $800M Superyacht https://t.co/61sVoDw07S
— ian martin (@lordrodboro) March 28, 2022
Покрај уметноста и луксузот, руските олигарси се длабоко навлезени во бизнисот со спорт.
Роман Абрамович, некогаш најбогатиот човек во Русија, е поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Челзи од Лондон, а беше санкциониран од Велика Британија додека се обидуваше да го продаде клубот за 3,9 милијарди долари.
Покрај Абрамович, Михаил Прохоров, основачот на Групацијата Онексим, компанија со седиште во Москва која се занимава со банкарство, осигурување и со недвижен имот, од 2009 до 2019 година беше сопственик на кошаркарскиот тим Бруклин Нетс и на нивната сала.
На списокот е и Владимир Лисин, претседател на групацијата за челик, НЛМК. Тој е љубител на стрелаштвото и воедно претседател на Европската конфедерација за стрелаштво.
Ова не е првпат руските олигарси да се соочат со остри економски санкции. Од руската анексија на Крим во 2014 година, досега Западот санкционираше 20-тина руски милијардери, но тоа не им наштети толку многу, бидејќи повеќето од нив им го префрлија имотот на свои роднини и членови на семејството додека нивниот сопствен имот е претежно регистриран во даночните раеви како Британските Девствени или Кајманските Острови.
Како и да е, руските олигарси сè уште се доволни итри за да ги заштитат своите пари и имот и да спречат санкциите да го направат она што треба.