ДЕСЕТТЕ ГОЛА НЕ СЕ ПРИЧИНА ЗА СЛАВЈЕ Кире Лазаров ја коментира победата над Кувајт

Не може да ме понесе никаква еуфорија, треба да бидеме цврсто на земја, знаеме што е пред нас, не можеме да го споредиме Кувајт со Словенија, Црна Гора и Данска, изјави Лазаров.

804

Македонската машка ракометна репрезентација не треба да биде понесена од еуфорија иако го победи Кувајт со десет гола разлика и резултат 31:21 во првото соочување, смета капитенот Кире Лазаров и потсетува дека Кувајт не е на исто рамниште со европските ривали на Македонија.

– Тоа што го договаравме, тоа го спроведовме на самиот терен, мислам дека за нашите играчи ова ќе биде поттик за она што ни преостанува во следниот период, да работиме уште понапорно, да пробаме да ги задржиме добрите работи, а тука се и слабите работи во кои треба да се поправиме и да напредуваме. Не може да ме понесе никаква еуфорија, треба да бидеме цврсто на земја, знаеме што е пред нас, не можеме да го споредиме Кувајт со Словенија, Црна Гора и Данска – изјави Лазаров.






Селекторот Лазаров истакна дека резултатот не му е важен, туку самиот пристап кон играта.

– Среќен сум не затоа што победивме со 10 гола разлика, туку затоа што пред натпреварот им укажав на момците дека стартуваме без девет стандардни репрезентативци и успеав да ги уверам дека без разлика на тоа, ако се сака – се може! – додава тој.

Поврзани содржини