ДЕСЕТТА ЖРТВА ОД КОНЦЕРТОТ НА ТРЕВИС СКОТ Деветгодишното момче почина во болница

Во стампедото што се случи за време на настапот на раперот Тревис Скот се повредини неколку стотици луѓе, а повеќе од десет од нив се уште се во болница. Во тек е истрага, а под лупата на инспекторите се промоторот на концертот „Live Nation“, како и самиот Тревис Скот.

233

Деветгодишно момче од Далас е десеттата жртва на стампедо што се случи на концертот на раперот Тревис Скот пред две недели, јавува „Anadolu Agency“ (AA).

Езра Блаунт од Далас, во текот на ноќта каде што се одржуваше „Астроворлд мјузик фестивал“ во Хјустон, беше донесен во болница без мозочна активност.






Неговиот татко во објава на страницата „GoFundMe“, отворена за да плати за лекување на неговиот син, навел дека Езра седел на неговите раменици, а за време на стампедото се изгубил во толпата. Неговиот татко изгубил свест, а кога се освестил го побарал синот и сфатил дека момчето веќе е во болница. Семејството на Езра тврди дека момчето било „удирано, прегазено и речиси смачкано до смрт“.

Семејството Блаунт што го застапува истакнат адвокат за граѓански права, Бенџамин Крамп, бара отштета од најмалку еден милион долари.

Во стампедото што се случи за време на настапот на раперот Тревис Скот се повредини неколку стотици луѓе, а повеќе од десет од нив се уште се во болница. Во тек е истрага, а под лупата на инспекторите се промоторот на концертот „Live Nation“, како и самиот Тревис Скот.

По смртта на студентката Барти Шахани која е деветтата жртва на „Aстроворлд“, минатата недела адвокатот на семејството Џејмс Ласитер најави поднесување тужба со побарување од 20 милиони долари поради смртни последици.

Поврзани содржини