ДЕСЕТМИНА КАЗНЕТИ ЗА ПАЛЕЊЕ БАКАРНИ КАБЛИ ВО СТРУМИЦА Ќе платат од 50 до 250 евра

Во акциите досега се запленети и околу 50 килограми бакар добиен од горење кабли.

167

Вкупно десет лица се казнети во Струмица деновиве, затоа што го загадувале воздухот со палење отпад на отворено, информираа општинските власти по координираната акција со струмичката полиција.

Лицата добија казни од 50 до 250 евра заради загадување на животната средина. Шестмина се казнети за прекршување на комуналниот ред, а четворица за горење отпад на отворено.






Во акциите досега се запленети и околу 50 килограми бакар добиен од горење кабли.

Општината соопшти дека во тек се и инспекциски надзори над фирми кои поседуваат Б-интегрирани еколошки дозволи.

За да се лоцираат жариштата на аерозагадување општината распиша набавка на шест нови мерни станици за да има увид во реално време каков е воздух по одделни квартови во градот.

Поврзани содржини