ДЕСЕТИЦИ ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ИНДОНЕЗИЈА Луѓето панично истрчувале од зградите (ВИДЕО)

84

Повеќе од 10 лица загинаа во земјотресот што се случи во индонезиската провинција Западна Јава, изјави владин претставник од градот Чианџур, Херман Суерман.

Тој за телевизијата Метро изјави дека „до 20 луѓе“ починале во болница во областа, пренесува Ројтерс.






Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди денеска Индонезија, поточно областа јужно од главниот град Џакарта, потресувајќи згради.

Американскиот геолошки институт (USGS) го процени земјотресот со јачина од 5,4 степени, додека Геофизичката агенција на Индонезија претходно објави дека земјотресот бил со јачина од 5,6 степени.

Земјотресот е регистриран во близина на градот Чианџур, на околу 100 километри јужно од Џакарта, а бил почувствуван и во главниот град, каде луѓето панично истрчувале од зградите.

Индонезија се наоѓа на „огнениот појас“ на Пацификот, поради што често е погодена од земјотреси.

Поврзани содржини