Организаторите на демонстрациите од голем број екстремно десничарски и маргинални политички групи, меѓу кои и Комунистичката партија, порачаа дека таа централноевропска нација треба да биде воено неутрална и да обезбеди директни договори со добавувачите на гас, меѓу кои и со Русија.
– Целта на нашиот протест е да бараме промени, главно во однос на проблемот со цените на енергијата, особено струјата и гасот, кои ќе ја уништат нашата економија оваа есен – изјави еден од организаторите на протестот.
Протестот на Вацлавскиот плоштад во центарот на градот се одржа еден ден откако владата го преживеа гласањето за доверба по обвинувањата на опозицијата за неактивност против инфлацијата и поскапувањето на енергенсите.