ДЕСЕТИЦИ ГРАЃАНИ ДОБИВААТ ТУЖБИ ЗА ВЕЕЊЕ НА ЗНАМЕТО ОД КУТЛЕШ Адвокатот Менкиноски вели дека целта е да се заплаши народот

Тие сакаат да го притисннат народот со тоа што, повикувајќи ги овие луѓе, сакаат да ги заплашат и да не ни дозволат на нас Македонците да го истакнуваме нашето знаме кое е културно и етничко обележје и наследство на Македонците – изјави адвокатот Менкиноски.

446

Не стравувам дека може да бидам осуден и верувам дека ќе добиеме ослободителна пресудa. Оваа агонија што власта ја наметна резултира со поведување на нови обвиненија против луѓето кои го истакнаа знамето од Кутлеш на Самоиловата тврдина на 27 април, вели адвокатот Тони Менкиноски во интервју за порталот „Република“.

Тој информира дека освен за него, поднесени се обвиненија и за други граѓани кои присустувале на настанот кога на 27 април, исто така во Охрид беше истакнато македонското знаме.






– Мене ме водат дека за „Водици“ го имам истакнато македонското знаме на Самоиловите тврдини. На 27 април повторно го истакнавме македонското знаме во поддршка на уставобранителите. Тогаш полицијата спроведе повикување на граѓани кои присустуваа на поставувањето на знамето и сега против нив има поведено обвинение. Тие сакаат да го парализираат процесот во кој сум јас обвинет со тоа што не доаѓаат од министерствтото за внатрешни работи како властени предлагачи против мене. Не доаѓа и судијата и предметот е одложен на неодредено. Од друга страна, го забрзуваат процесот против овие обични граѓани. Јас им кажав и тогаш дека ја преземам одговорноста за истакнувањето на знамето. Тие сакаат да го притисннат народот со тоа што, повикувајќи ги овие луѓе, сакаат да ги заплашат и да не ни дозволат на нас Македонците да го истакнуваме нашето знаме кое е културно и етничко обележје и наследство на Македонците. Намерата е да се осудат овие луѓе и со тоа да се воспостави пракса да не се виори сонцето од Кутлеш – изјави Менкиноски за „Република“.

Поврзани содржини