Десет повредени и 26 исчезнати откако свлечиште во Норвешка однесе неколку згради

Станарите кои се сметаат за исчезнати живееле во куќите изградени многу блиску до свлечиштето, но сѐ уште не се знае дали останале заробени во куќите или за време на несреќата успеале да побегнат или биле надвор од дома, објавила полицијата.

377

Десет лица се повредени, од кои едно е во животна опасност, а 26 се исчезнати откако рано утрово свлечиште на југот на Норвешка однело повеќе од десет згради, информира полицијата, пренесува Јутарњи.хр.

Свлечиштето ги зафатило станбениот дел во Гјердрум, северно од главниот град Осло од кој таа општина е одалечена оклу 30 километри. На фотографијата снимена од спасувачкиот хеликоптер се гледа голем кратер со уништени згради.






– Ова требаше да биде новогодишен викенд во кој требаше да уживаме во мир и тишина и да се грижиме поради ковид-19, а сега за жал имаме многу исчезнати поради свлечиштето – вели норвешката премиерка Ерна Солберг за ТВ2.

Станарите кои се сметаат за исчезнати живееле во куќите изградени многу блиску до свлечиштето, но сѐ уште не се знае дали останале заробени во куќите или за време на несреќата успеале да побегнат или биле надвор од дома, објавила полицијата.

Подрачјето засега сѐ уште е нестабилно и може да се пристапи само со хеликоптер, велат од полицијата.

Од тој дел на градот досега се евакуирани околу 50 луѓе, изјавил за новинарите градоначалникот на Гјердрум Андерс Оестенсен.

 

Поврзани содржини