Десет поранешни функционери ја тужат државата, а Стразбур прашува дали аболицијата на Иванов е законска

1,242

Десет поранешни функционери ја тужат Македонија пред судот во Стразбур кој објави листа  на македонските тужители во две групи. Во првата група се Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Киро Тодоровски. Во втората група апликции се Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Тони Трајковски, Едмонд Темелко, Владимир Талески, Тони Јакимовски.

Европскиот суд за човекови права бара од државата одговор дали аболицијата која Иванов ја даде во 2016-та година е законска и дали нејзиното повлекување е правно издржано.






Македонското биро за застапување на Македонија пред судот во Стразбур ќе треба да одговори „Дали одлуките за помилување на претседателот на државата од 12 април 2016 година беа неотповикливи“ и „Дали актот за помилување беше од индивидуализиран карактер?“

Како што вчера објаснија прaвни експерти за Плусинфо државата има можност да одговори со спогодување со тужителите или да чека судење во Стразбур.

Поврзани содржини