ДЕСЕТ ПАТИ ПОСКАПИ БУРКИТЕ ВО КАБУЛ Жените купуваат пред талибанската инвазија
Во исчекување на шеријатската држава, маски скоро и да снемува. Една жена, во изјава за Си-Ен-Ен, рекла дека таа заедно со мајка ѝ и сестра ѝ ќе мораат да набават постелнина или друг текстил, па од нив да направат бурка, ако ситуацијата се влоши.
Дури десет пати се зголемила цената на бурките во Кабул, додека жените брзале да се замотаат пред да ги пречекаат талибанците кои влегувале во градот, пишува Си-Ен-Ен. Некои од жените не ни успеале да стигнат до продавниците, бидејќи продавачите во паника затвориле порано и брзале да се скријат дома.
Во исчекување на шеријатската држава, маски скоро и да снемува. Една жена, во изјава за Си-Ен-Ен, рекла дека таа заедно со мајка ѝ и сестра ѝ ќе мораат да набават постелнина или друг текстил, па од нив да направат бурка, ако ситуацијата се влоши.
Друга жена пак, која исто сакала да остане анонимна пред Си-Ен-Ен, објасни дека во неделата поминала неколку часа во банка, обидувајќи се да собере што е можно повеќе пари за да обезбеди опстанок за своето семејство.
– Беше толку неочекувано, никој не очекуваше дека ова ќе се случи толку брзо. Дури и луѓето би рекле „Кабул може да се брани околу една година“, но борбениот морал е изгубен. Војската само им го предава на талибанците – истакна жената за Си-Ен-Ен.