Повеќе од 1000 мртви: Десет нови жртви на коронавирус, 865 новозаразени

Починати се 10 лица, четворица пациенти од Скопје (67, 58, 64 и 76г), двајца од Прилеп (70 и 73г), еден пациент од Битола (52г), еден од Охрид (77г), еден од Кочани  (48г) и еден пациент од Пробиштип (76г).

1,359

Во последните 24 часа се направени 2449 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 397, Куманово 22, Дебар 2, Штип 34, Прилеп 29, Тетово 95, Струга 7, Велес 44, Битола 31, Охрид 21, Кавадарци 26, Гостивар 30, Гевгелија 4, Струмица 37, Крива Паланка 5, Радовиш 6, Кочани 17, Пробиштип 7, Демир Хисар 2, Македонски Брод 1, Берово 4, Виница 6, Делчево 6, Кратово 4, Свети Николе 4, Кичево 15, Ресен 5 и четворица од Неготино, информира Министерството за здравство.

Починати се 10 лица, четворица пациенти од Скопје (67, 58, 64 и 76г), двајца од Прилеп (70 и 73г), еден пациент од Битола (52г), еден од Охрид (77г), еден од Кочани  (48г) и еден пациент од Пробиштип (76г). Сите се починати во болнички услови.






Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32436, бројката на оздравени пациенти е 21090, на починати е 1004, а бројот на активни случаи изнесува 10342.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 123 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и 4 суспектни деца на ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 5 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 59, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 336 позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

 

Поврзани содржини