Десет лица се заразени со ковид-19 во дом за стари во Битола

768

Во одделението за згрижување на возрасни лица „Сју Рајдер“ во Битола позитивни на коронавирус се десетина пациенти. Станува збор за работна единица на специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина, 13-ти ноември од Скопје, која се наоѓа непосредно до Клиничката болница во Битола.

Од Центарот за јавно здравје потврдуваат дека има позитивни случаи, но за бројката велат треба да се почека до утре, бидејќи се врши тестирање и епидемиолошки анкети.

 






Во домот за стари лица сместени се 70-на лица, а од почетокот на пандемијата на сила се и мерки за забрана за посета од други лица.

Поврзани содржини