ДЕСЕТ „ФАНТОМИ“ ЌЕ ЈА ПЛАШАТ РУСИЈА Шест авиони Ф-15 ќе се паркираат во Естонија

НАТО претходно соопшти дека Данска утре ќе испрати четири борбени авиони Ф-16 во блиската летонска воздухопловна база во Шиаулиаи.

1,109

Шест американски авиони Ф-15 денеска слетаа во воздухопловна база во Естонија и до крајот на следната недела тие ќе бидат распоредени, бидејќи НАТО го зајакнува своето источно крило во страв од можен руски напад врз Украина.

НАТО пред два дена соопшти дека ги става сите свои сили во зголемена готовност и ја зајакнува Источна Европа со бродови и борбени авиони, што Русија го оцени како ширење западна „хистерија“.






Во соопштението не се спомнуваат американските борбени авиони што ќе бидат распоредени во Естонија.

– До крајот на следната недела ќе бидат распоредени шест борбени авиони, изјави портпаролот на воздухопловната база „Амари“ во Естонија.

Авионите Ф-15 ќе ја унапредат мисијата на НАТО „Baltic Air Policing“, соопшти сојузничката воздушна команда на НАТО.

Балтичките земји, Естонија, Летонија и Литванија, некогаш управувани од Москва, а сега дел од НАТО и Европската унија, не управуваат борбени авиони и се потпираат на надзорот на НАТО врз нивниот воздушен простор.

НАТО претходно соопшти дека Данска утре ќе испрати четири борбени авиони Ф-16 во блиската летонска воздухопловна база во Шиаулиаи.

„Планот е да се соработува со другите сојузнички земји на Балтикот, да се вежбаат маневри воздух-воздух и воздух-земја, покрај мисиите за „Air policing“, се додава во соопштението на сојузничката воздушна команда.

Тензиите се зголемија откако Русија собра околу 100.000 војници во близина на границата со Украина и ја опколи на север, исток и југ.

Романија преговара со САД и Франција за начините за зголемување на бројот на војници во земјата и подготвена е за зголемено воено присуство на НАТО, изјави денеска романскиот претседател Клаус Јоханис. Американското Министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека околу 8.500 американски војници се ставени во состојба на зголемена готовност и дека чекаат наредба за распоредување на источното крило на НАТО, доколку Русија ја нападне Украина. Франција, исто така, понуди да испрати повеќе војници доколку е потребно.

Поврзани содржини