ДЕСАНТОТ НА ТАЈВАН Ќе го бранат ли САД островот како што ја „бранaт“ Украина?
Воениот команден центар Хенг Шан е изграден под планина во близина на Тајпеј и е дизајниран да засолни илјадници од персонал, овозможувајќи им да работат, живеат и да се борат при секој напад. Дали ова значи дека Тајпеј ќе биде новиот Киев, додека Кина ќе ги контролира поморските делови на островот?
Денешното „истрчување“ на американскиот претседател Џо Бајден дека САД „ќе го бранат Тајван ако Пекинг нападне“ бидејќи „презеле обврска“ веднаш беше пресечено од Ванг Вебин, шефот на кинеската дипломатија. Тој го повика да Бајден „да не ја потценува Кина“. После сѐ, украинско сценарио во Тајван би значело една нова хипер-војна, која ќе биде многу потешка одошто се мисли.
САД би требале да активираат 80 до 90 отсто од целата своја морнарица за да добијат каква било битка во Пацификот, пишува Ал Џезира. Можеби тоа е причината што аналитичарите типуваат дека шансите САД вистински да се приклучат со мали. Па сепак, последниот пат, кога Кина и Тајван беа пред војна, во 1996 година, американската морнарица испратила две ударни групи на носачи на авиони и јуришен амфибиски брод. Ќе се повтори ли историјата?
До 300 крстаречки ракети би можеле да испратат кон Кина подморниците Охајо и Мичиген сместени на Тајван за да ја забават окупацијата. Можеби ќе биде активирана и базата во Јокосука, Јапонија, со 70 бродови и подморници и уште 150 авиони. САД имаат 32 бази на Тајван и околу 32.000 маринци. Но, тоа не е ништо во споредба со персоналот на Кинезите.
Ако нешто е сигурно е дека Кина со децении се спрема за преминување на теснецот долг 128 километри во она што може да се нарече „десант на Тајван“ и планот е сѐ да заврши за неколку дена.
Макар и по таа војна Кина да биде отсечена од светот со санкции исто како оние за Русија, што веќе го предложи британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.
Пеколниот теснец
Нема да им биде лесно ни на Кинезите. Островот Тајван не е голем колку Украина и има само 395 километри должина, но е полн со планини, реки, а додека кинеските флоти да стигнат до тајванските пристаништа и аеродроми би наишле на отпор, кој би можел да трае со месеци. Во 1949 година, Тајван успеа да им се спротивстави на војските на Мао Це Тунг и да ги натера да се повлечат.
Стотици бродови ќе треба да спакуваат огромни количества опрема и да тргнат накај островот, со претходен план. Но, флотата би се движела бавно затоа што е тешка, а дур да дојде до брегот би можела веќе да биде нападната од тајванската одбрана.
Гребени, реки и расфрлани островчиња
Најбрзиот начин за оваа огромна флота на бродови да ги истовари сите војници, оружје, возила и резерви ќе биде користење на капацитетите на заробените пристаништа и аеродроми и да се задржат од контранапад. Тоа значи дека Кинезите ќе треба уште на почеток да ја уништат тајванската воздушна одбрана. Се смета дека ќе бидат потребни 10.000 командоси да спроведат окупација.
Но, островот се состои од густо пошумен планински гребен. Целата западна страна на островот е вкрстена со реки и канали. Тајван има малку плажи погодни за амфибиско слетување и секој окупатор би морал да се бори на брегот. Во меѓувреме, од околните карпи би се спуштале Тајванците.
Но, Тајван не е единствениот остров, се работи за куп расфрлани островчиња. Архипелагот ги вборојува синџирите Мацу и Кинмен, кои лежат блиску до континентална Кина. Другиот главен синџир на острови, Пенгу, е архипелаг од 90 острови и островчиња. Сите овие помали островчиња лежат на брегот на Тајван. Всушност, таму би биле првите најкрвави битки. Тајпеј, главниот град, е позициониран во оска север-југ, што го прави тежок за освојување.
Подземните аеродроми на Тајван, новиот Азов?
Копнените сили на Тајван се едни од најдобро обучените во светот, способни да ги поправаат пистите за три часа, значително побрзо од која било друга војска. Авионите на Тајван за среќа се исклучително добро заштитени со неколку подземни аеродроми, закопани длабоко во планинските масиви на Тајван. Тие полетуваат и слетуваат од широките тунели исечени на планината.
Воениот команден центар Хенг Шан е изграден под планина во близина на Тајпеј и е дизајниран да засолни илјадници од персонал, овозможувајќи им да работат, живеат и да се борат при секој напад. Дали ова значи дека Тајпеј ќе биде новиот Киев, додека Кина ќе ги контролира поморските делови на островот?
2 милиони Кинези наспроти 163.000 Тајванци
САД досега му продаваа само одбранбени вооружени системи на Тајван и обука на војската. Таа е мала. Тајван брои 163.000 активни војници и 1,6 милиони потенцијални резервисти. Кинеската армија има 2 милиони воен персонал. Но, битката ќе се сведува пред сѐ на поморска и воздушна. Кинеските авиони би можеле да ги срамнат со земја повеќето градови на островот.
Воздухопловните сили на Кина се мали, но ефикасни. Тоа се 411 борбени авиони, од кои речиси половина се модернизирани Ф-16 и француски борбени авиони Мираж 2000.
Отсекување на струјата, интернетот и банките
Физичките цели не би биле единствената цел на напаѓачките сили. Во сè повисоко технолошкиот свет, сајбер војната ќе игра важна улога во неутрализирањето на одбраната на Тајван, активно таргетирајќи ја командата и контролата и инфраструктурата на земјата.
Единицата за сајбер војна на Тајван е мала. Со персонал од 2.400 специјалисти, таа е џуџе во споредба со кинескиот тим од 100.000 компјутерџии. Тоа значи дека Кина ќе има целосна сајбер-доминација. Веројатно е дека во првите денови би бил отсечен целиот интернет, струја, па дури и електронското банкарство.