🎥 ДЕСАНТ НА КРИМ Украинските сили го поставија украинското знаме на анектираниот полуостров

Претставници на Главната  разузнавачка управа за РБК Украина изјавија дека украинската армија веќе се вратила по специјалната операција, откако ги завршила зададените задачи.

1,598

Андриј Јусов, претставник на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, тврди дека украинските војници утринава извршиле десант на Крим.

Тој за украинскиот јавен сервис Суспилна изјави дека специјалната операција е изведена во соработка со морнарицата и дека целите се постигнати, а меѓу украинскиот сили нема жртви.






-Непријателот има загуби во жива сила и опрема. Се прецизираат информации за бројот на загуби – изјави Јусов.

Претставници на Главната  разузнавачка управа за РБК Украина изјавија дека украинската армија веќе се вратила по специјалната операција, откако ги завршила зададените задачи.

„Сите цели и задачи се исполнети“ – соопштија од украинската разузнавачка служба.

Украинските разузнавачи тврдат и дека го подигнале украинското знаме на територијата на Крим. Тие споделија видео од десантот, на кое се гледа подигнувањето на украинското знаме.

Овој извештај сè уште не е независно потврден, а Русија не го коментираше.

Русија прогласи анексија на Крим во 2014 година, која Украина не ја признава, инсистирајќи дека Крим е нејзина територија.

 

Поврзани содржини