Дерковски: Поради истрагата на МВР, сајтот на ДИК нема да се ажурира

408

Трет ден не функционира интернет страницата на Државната изборна комисија на која треба да се следат изборните резултати.Од Државната изборна комисија велат дека сајтот не е во функција по хакерскиот напад, а поради истрагатата која ја води МВР на овој сајт повеќе нема да се прикачуваат информации поврзани со изборите.

– Поради истрагата на МВР, овој сајт нема да го ажурираме, туку изборните податоци ќе ги објавиме на табела – изјави претседателот на ДИК Оливер Дерковски за АЛСАТ.






Од МВР  официјално велат дека во овој момент се води истрага, но не можат да потврдат дали воопшто имало хакерски напад, кој  стои зад него, дали е од Македонија или од странство. Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе ги зема податоците од ДИК.

– Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи ги презема соодветните мерки и активности со цел расчистување на овој случај –  изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Поврзани содржини