Дерковски: Изборниот ден минува мирно, со мали инциденти

Во споредба со последните парламентарни избори во 2016 година кога одѕивот до 17 часот бил 60,41 процент, сега излезноста е помала за 21,63 проценти. Во однос на минатогодишните претседателски избори, сега за 0,59 проценти има поголема излезност до 17 часот.

181

Излезноста со оглед на целата ситуација е задоволителна, оцени попладнево претседателот на Државната избона комисија (ДИК) Оливер Дерковски на прес-конференција. До 17 часот според податоците на ДИК на гласање излегле 703.597 лица со право на глас или одѕивот е 38,78 проценти. Обработени се податоците од 3.459 избирачки места од вкупно 3.480 избирачки места.

– Очекувам до крајот на денот граѓаните да го остварат своето гласачко право и да ја легитимираат идната власт и целиот изборен процес – рече Дерковски на прес-конференцијата.

Изборниот ден, како што посочи тој, минува мирно, со мали, спорадични инциденти.

– Се решаваат во „од“ сите оние прашања што се наметнуваат во текот на денот и мислам дека можеме генерално да бидеме задоволни од сликата која ја имаме за овој изборен ден – рече Дерковски.

До ДИК, како што истакна тој, пристигнале неколку претставки за евентуално нарушување на изборниот процес и неколку приговори во смисла на повреда на избирачко право и на изборен молк, но, посочи, тоа не е нешто посебно што може да го наруши целиот изборен процес.

– Во изминатите часови се појавија одредени написи во медиуми за инциденти на пример во Липково и Битиола, каде про проверка и интевренции се надминале проблемите и гласањето продолжи со несмален интензитет. Гласач кој го сликал гласачкото ливче беше санкциониран од страна на МВР. исто така гласачка од Битола се обидела да изнесе од гласачкото место едно ливче и тоа исто така е санкционирано. Такви слични инциденти, кои во соработка со МВР и избирачките одбори и општинските изборни комисии веднаш се надминуваат – рече Деркоски.

Во споредба со последните парламентарни избори во 2016 година кога одѕивот до 17 часот бил 60,41 процент, сега излезноста е помала за 21,63 проценти. Во однос на минатогодишните претседателски избори, сега за 0,59 проценти има поголема излезност до 17 часот.

Четвртата изборна единица сега има највисока излезност од 43,99 проценти, а Шестата изборна единица и понатаму останува со најниска излезност од 29,6 проценти.

Поврзани содржини