ДЕПОНИЈАТА ДРИСЛА ПОД ОПСАДА НА ВРАБОТЕНИТЕ Слушнале дека ќе има отпуштања, па ја блокирале главната капија

Вработените се стационирале на влезната капија и го блокираат влезот.

342

Вработени во депонијата Дрисла која е под управување на Град Скопје денеска ја блокираат фабриката, наводно во знак на протест откако добиле информација дека во следниот период ќе има отпуштања.

Според информациите кои доаѓаат од извори во синдикатот, а како што објави Прес24, на 30 општи работници не им биле продолжени договорите за работа, поради што, тие не дозволуваат никој да влезе, ниту да излезе од депонијата.






Вработените се стационирале на влезната капија и го блокираат влезот.

Во депонијата Дрсила се одлага најголемиот дел од отпадот во главниот град. Евентуална блокада на подолг рок ќе предизвика сериозни проблеми имајќи предвид дека поради големиот број на жители, Скопје произведува исклучително голема количина отпад.

Поврзани содржини