📽 ДЕНЗЕЛ ВАШИНГТОН ЕКСПЛОДИРА ВО КАН Фотограф го фати за рака, актерот извика „Престани!“

На премиерата на новиот филм на Спајк Ли, во кој Дензел Вашингтон ја толкува улогата на музички магнат од Њујорк, актерот пристигнал во друштво на АСАП Роки и на Ријана. Додека разменувал неколку зборови со режисерот, еден фотограф неочекувано го фатил за рака - потег што веднаш го испровоцирал неговиот бурен одговор.

1,478

Дензел Вашингтон доби почесна „Златна палма“ на Канскиот фестивал – изненадување што го дочека со насмевка. Но, веднаш по свечениот момент, ситуацијата на црвениот килим станала напната.

На премиерата на новиот филм на Спајк Ли „Highest 2 Lowest“, каде што Вашингтон го игра њујоршкиот музички продуцент, актерот се појавил во друштво на АСАП Роки и Ријана. Додека разговарал со Спајк Ли, еден фотограф неочекувано го фатил за рака, што предизвикало бурна реакција, објави списанието „Пипл“.






– Застани! – извикал Дензел, предупредувајќи го дека не смее да го допира.

Кога фотографот го повторил гестот и се насмеал, Вашингтон уште поостро возвратил.

– Застани, престани! – рекол аткерот покажувајќи видливо незадоволство.

АСАП Роки се вмешал за да ја смири ситуацијата, која накратко делувала како да може да прерасне во сериозен конфликт.

Инцидентот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Мнозинството го поддржа Вашингтон, посочувајќи дека фотографот ги прекршил границите на личниот простор.

Иако познатите личности честопати се во првите редови пред објективите, коментарите се согласуваат дека фотографите треба да останат професионални и воздржани – особено на настани со толкава тежина.

Портпаролот на Дензел Вашингтон изјави дека вечерта била прекрасна, но дека актерот нема дополнителен коментар во врска со случката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by E! News (@enews)

Поврзани содржини