ДЕНВЕР САКА ДА ГО „ВРЗЕ“ ЈОКИЌ ДО 2030 ГОДИНА Српскиот ас ќе стане најплатен играч во историјата на НБА?

Новиот договор ќе изнесува 212,2 милиони долари за три години и би важел од сезоната 2027/28. Планирано е Јокиќ да го добие на потпис веднаш по финалето на НБА во јуни, објави Боби Маркс од ЕСПН.

866

Денвер сака да го „врзе“ до 2030 година познатиот српски кошаркар Никола Јокиќ со еден од најскапите договори во историјата на НБА. Изненадувачки, во планираниот „ресет“ на тимот Јокиќ останува во приказната, иако не успеа да ја освои шампионската титула оваа сезона и има потешкотии во клубот.

Новиот договор ќе изнесува 212,2 милиони долари за три години и би важел од сезоната 2027/28. Планирано е Јокиќ да го добие на потпис веднаш по финалето на НБА во јуни, објави Боби Маркс од ЕСПН.






Иако веќе потпиша петгодишен договор во 2023, клубот стравува од негово заминување. Јокиќ е лут што повторно не доби конкурентен тим, а има и „опција за играч“ што му овозможува да го раскине договорот по петтата сезона.

Со новата понуда, неговата вкупна заработка до 2030 година би достигнала 326 милиони долари, највисока во историјата на лигата.

Раководството најавува големи промени летово, но првиот чекор е да го задржат Јокиќ. Иако неретко е фрустриран од амбициите на тимот, тој останува верен на Денвер. Околината му одговара, семејството му е среќно, а слично на Дирк Новицки, сака да биде лојален на еден клуб.

Лејкерси и други клубови се обидоа да го „киднапираат“, но досега безуспешно. За Јокиќ важат други приоритети – стабилност, пријателство и мир.

Поврзани содржини