ДЕНОВИВЕ СИТЕ ПОД ЧАДОР Следува облачно и дождливо време

Во Скопје времето ќе биде облачно и магловито, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер.

0

Времето утре ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

На повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег.






Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.

Фото: УХМР

 

Најстудено ќе биде во Маврово, каде утринската темпертура ќе се спушти до минус 1, а најтопло ќе биде во Гевгелија со максимална дневна температура до 10 степен Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде облачно и магловито, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Температурата ќе се движи од 1 до 6 степени.

До почетокот на следната седмица следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд на пониските и дожд и снег на повисоките места.

Фото: УХМР
Поврзани содржини