Деновиве ќе донесеме конечна одлука за полагањето на државната матура, најави на прес конференција министерот за образование Арбр Адеми.
– За тоа има две опции, полагање во јуни или укинување на оваа обврска за овогодинешната генерација ученици од завршните години во средните училишта. Но тоа што веќе е подготвено и ќе се разгледува на некоја од наредните владини седници е конкретен образовен план со конкретни сет меркишто треба да се преземат во овој период – рече Адеми.
Во тој случај, посочи Адеми, факултетите ќе треба да организираат квалификациски испити ако има конкуренција и повеќе матуранти имаат ист број бодови од успехот во средното образование, но смета дека ќе нема проблем зашто некои факултети веќе практикуваат квалификациските испити.
Во сетот мерки, исто така, ќе биде одложувањето на уписот на првачињата во учебната 2020/2021 година, кој ќе биде најверојатно во јуни наместо во мај.