ДЕНОТ НА ЖЕНАТА Е ДЕН ЗА КУКАЊЕ НАД ЖЕНСКАТА СУДБИНА Колумната на Ведрана Рудан за 8 март е поостра од кога било

Колумната на Ведрана Рудан за 8 март е поостра од кога било. Во неа, меѓудругото, таа вели: Проклети бездушни гадури кукаат над женската клета судбина. Потоа Рудан се надоврзува на злобните женски коментари за стапалата на принцезата Кејт Мидлтон кои ја инспирирале за оваа остра колумна која ја објавуваме во целост

115

Ги оплодиле, па ги оставиле. Не плаќаат алиментација. Трчаат по нив со извлечени ножеви додека не се дофатат до нивните тенки вратови, пишува познатата хрватска писателка Ведрана Рудан во својата колумна посветена на празникот на жената.

Рудан се бори со ретка форма на рак на жолчните канали повеќе од година и пол. Сепак, болеста не ја омекнала, па нејзиното перо е сè уште остро, а колумната по повод 8 март повторно направи бура.






Таа се осврна на положбата на жените во општеството и ја започна колумната велејќи дека на овој ден за жените се пишува како за кутри суштества и жртви, а потоа се осврна на меѓусебното осудување помеѓу самите жени.

Ја објавуваме нејзината колумна во целост:

– Ги забремениле, а потоа ги напуштиле. Не плаќаат издршка. Трчаат по нив со извлечени ножеви додека не се дофатат до нивните тенки вратови. Останатото се крвави детали на порталите.

Кутри жени, страдалнички, жртви. Во последно време се разбудија.

Почнаа да споделуваат совети од нивните дневни соби за тоа како да преживеат развод и живот со две деца, а да не ја занемарат фасадата што ќе им помогне повторно да се заебат.

Да, Денот на жената е ден за кукање над женската клета судбина каде и да живеат. Сите сме невини жртви, ретардирани сиротици за кои помош има, а и нема.

Кога ги гледаме статистиките и бројот на убиени невини суштества, не можеме а да не се запрашаме за што станува збор тука.

Одговорот е едноставен. Тие носат ракавици четири броја поголеми, а ние сме толку добри и слепи што дури и не го гледаме нашиот убиец на сопствениот погреб, иако со роза во раката се дави во солзи во првиот ред.

Сфаќате? Ангел и ѓавол. Дали е тоа секогаш така?

Статистика, госпоѓо Рудан, следете ги броевите.

Дали секој одговор е во броевите? Сите ние жените сме светици, идни лешови, ангели во фармерки од Зара?

Не би го напишала овој напис ако не наидев на приказната за принцезата Кејт.

Деновиве таа била на дружење со некоја индиска екипа. Организаторот ја покани да танцува со нив.

Жената ги соблече чевлите, танцуваше и го крена женскиот, змиски свет на нозе.

Дворските дами беа згрозени од глетката на нозете на принцезата.

„Запоставена“, „неуредна“, „гадна“, „да имав такви нозе…“

Тешко е да се замисли колку меѓуженска омраза може да се смести на минијатурен простор може да се смести од страна на орда бездушни жени.

Ниту една од проклетите бабетини не ѝ ги „прости“ на кутрата Кејт, ниту ракот ниту ужасните хемотерапии што жива те јадат.

И додека страдате во најстрашните маки, мора да размислувате за хејтерите и за педикир.

Проклетите бездушни гадури кукаат над женската клета судбина само кога можат да се фотографираат и споменуваат бројки.

Зли сте до пеколот, па ќе кажете дека пишувам вака затоа што сум злобна и поминувам низ истото искуство.

Уште одамна не ме заболе што си мислите. Жал ми е што се храните со туѓата несреќа, наместо да ги насочите мислите на некој добар писоар.

Ви посакувам среќен 8 март. И не се вика март, туку ожујак.

Баби, баби, баби, е..ни – пишува Рудан.

Поврзани содржини