Денот на Европа почна да се одбележува со кампања на социјалните мрежи

182

Европското движење во земјава деновиве ги почна активностите за одбележување на 9 Мај – Денот на Европа, што оваа година се одвива преку Фејсбук со заедничка кампања на европските движења од сите европски држави под мотото „Заедно за Европа“.

За разлика од претходните години кога акцент се ставаше на масовни активности, годинава кампањата ќе биде насочена кон социјалните мрежи, со цел во услови на пандемија по електронски пат да се допре до што поголем број проевропски и продемократски настроени граѓани и притоа да се зголеми свеста за европските вредности, наведува Европското движење.






Како дел од одбележувањето на Денот на Европа е организиран студентски натпревар за најдобра фотографија на тема „Најдобар европски град“. Натпреварот ќе трае до 9 мај, а за три фотографии со најголем број допаѓања се обезбедени парични награди.

Фотографиите на 47 студенти, колку што се пријавија на конкурсот, се објавени на Фејсбук страницата на Европското движење (www.facebook.com/

Поврзани содржини