Денот на државноста на Словенија без здруженијата на партизаните

Според медиумите во Словенија ова е прва ваква одлука за исклучување на партизаните и здруженијата на борци од прославата на големиот државниот празник.

257

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ги тргна здруженијата на борците од Втората светка војна од годинашната прослава на Денот на државноста, објави весникот Дневник.

Со одлуката на Јанша здруженијата на партизаните нема да учествуваат во националната прослава на празникот. Со одлуката место здруженијата на воени ветерани, во организацијата на прославата ќе учествува министерот за внатрешни работи Алеш Хојс како и други владини функционери.






Според медиумите во Словенија ова е прва ваква одлука за исклучување на партизаните и здруженијата на борци од прославата на големиот државниот празник.

На новинарско прашање, генералниот секретар на владата Божо Предалиќ изјави дека поделбите околу прославата ќе бидат надминати, без да прецизира кога ќе се случи тоа.

Словенија го празнува Денот на државноста на 24 јуни.

Поврзани содржини