ДЕНОТ КОГА КАПИТУЛИРАШЕ ФАШИСТИЧКА БУГАРИЈА На 8 септември Црвената армија го сменила курсот на Софија

Да биде работата со датумите уште посимболична, освен 8 септември, за Македонците, во Втората светска војна значаен е и 2 август, истата 1944 година. Тогаш британскиот лидер Винстон Черчил, кој ќе биде победник во војната и сојузник на Рузвелт и Сталин во британскиот парламент остро ја критикувал фашистичка Бугарија.

2,079

На датумот кога Македонија во 1991 година станала независна држава се случиле и други големи историски пресврти битни за македонската државност. Тоа е истиот ден кога во 1944 година, при крајот на Втората светска војна, Бугарија е принудена да премине на страната на сојузниците бидејќи била притисната од Русите. Советските сили ја преминале Романија и влегле во Софија апсејќи ја владата на Борис III, кој бил сојузник на Хитлер. Била назначена нова влада со Симеон Георгиев. Веќе во октомври месец, Бугарија ја потпишува капитулација.

Заедничко ослободување на Скопје и Ниш






Всушност, Црвената армија останала во Бугарија до 1947 година. Но, она што е битно за Македонија и македонскиот фронт во тоа време е дека бугарските војници биле принудени да учествуваат во заеднички акции со партизаните во Македонија за ослободување на Скопје и Ниш, во јужна Србија. Се работи за вкупно 450.000 бугарски војници поделени во три војски, Јужна и источна Србија и Македонија биле ослободени за еден месец, а Бугарската прва армија со 130.000 војници продолжила кон Унгарија, истерувајќи ги Германците сè до Австрија.

Бил затворен концентрациониот логор за бугарските комунисти и советски симпатизери во Крстополе во Грција бидејќи сега Бугарите се повлекле од окупираната територија. Сето ова се случува само година дена откако бугарските фашистички сили во 1943 испраќаат над 7.122 Евреи од Македонија и 4.221 Евреи од Тракија со воз до озлогласениот логор Треблинка.

Ванчо Михајлов и неговата пробугарска „Независна држава Македонија“

Германци имало и во Скопје, како окупиран град. Тогашната ВМРО на Ванчо Михајлов се побунила и се надевала дека со посредство на нацистите ќе може да создаде таканаречена Независна Држава Македонија, пробугарска творба. Ова му било ветено на Михајлов од страна на нацистите, но откако видел дека Германија губи, тој заминал од Македонија само по два дена. Трајно се населува во Рим каде починува.

Но, искоренувањето на фашизмот во Бугарија од страна на силите на СССР не одело толку лесно. Веднаш по прогласувањето на комунистичката влада, во Виена била формирана бугарска бунтовничка влада во егзил, под раководство на Александар Цанков. Тие собрале 600 војници за да формираат бугарски СС полк, под водство на германски нацистички командант. За среќа, немале многу успех. Владата на Георги Димитров опстанува.

Черчил ги критикувал Бугарите дека се фашисти на 2 август 1944 година

Да биде работата со датумите уште посимболична, освен 8 септември, за Македонците, во Втората светска војна значаен е и 2 август, истата 1944 година. Тогаш британскиот лидер Винстон Черчил, кој ќе биде победник во војната и сојузник на Рузвелт и Сталин во британскиот парламент остро ја критикувал фашистичка Бугарија:

– Трипати фрлени во војна на погрешната страна од мизерно друштво на криминални политичари, кои се чини дека се способни за уништување на нивната земја генерација по генерација, три пати во мојот живот оваа бедна Бугарија го подложи селанско население на сите страдања на војната и казни на поразот … Моментот на покајание не помина, но минува брзо. Цела Европа оди неодоливо кон нови и безбедни темели. Кое ќе биде местото на Бугарија на местото на пресудата, кога ќе се открие ситната и кукавичка улога што таа ја играше во оваа војна, и кога целиот југословенски и грчки народ, преку своите претставници, на масата за примирјето на сојузниците ќе ја откријат на табелата за примирје на сојузниците мрачната приказна за работата што бугарската армија ја вршеше во нивните земји како сурови лакеи на паднатата нацистичка моќ? – изјавил тогаш Черчил познат по неговите стаменити говори и ораторски вештини.

Истиот ден кога говорел Черчил, во манастирот Прохор Пчински во денешна Србија било одржано првото заседание на АСНОМ каде партизаните ги дале темелите на современата македонска држава.

 

Поврзани содржини