ДЕНОВ ЌЕ ИМА 23 ЧАСА Почна летното сметање на времето, подоцна ќе се стемнува

Според критичарите, поместувањето на часовникот два пати годишно веќе не е корисна работа.

1,706

Со преместувањето на стрелките во 2 часот преминаа во 3 часот почна летното сметање на времето, кое ќе трае до последниот викенд во октомври. Од денеска подоцна ќе се стемнува и денот ќе трае подолго, но на сметка на тоа, подоцна и ќе се разденува.

Според критичарите, поместувањето на часовникот два пати годишно веќе не е корисна работа. Експертите ја доведуваат во прашање оваа пракса и укажуваат на здравствени ризици по луѓето и на штета на економијата. Според нив поместувањето на часовникот не донесува заштеда на енергија, а претставува значаен здравствен ризик. Промената има драматични ефекти на физичката и ментална функција бидејќи прави збрка во биолошкиот часовник, а на децата и повозрасните им се потребни недели за да се навикнат. Истовремено, за тоа време се бележи зголемен број на сообраќајни несреќи и компликации после хируршки интервенции.






Експертите сметаат и дека промената на времето два пати годишно ја чини ЕУ помеѓу еден и два отсто од БДП, што е главно директно поврзано со здравствените проблеми. Тоа значи дека годишно се губат речиси 300 милијарди евра.

Во ЕУ долго време се расправаше за ставање крај на зимското и летното сметање на времето. Унија конкретно го планираше ова од 2018 година, а Комисијата презентираше соодветен нацрт-закон, но плановите се одложија за време на пандемијата со коронавирусот.

Суштинскиот проблем на дискусијата во ЕУ ​​е несогласувањето за тоа кое време всушност треба да преовладува – таканареченото стандардно време, односно зимско сметање на времето или летното сметање.

 

Поврзани содржини