Четврта сопруга по ред: Денис Квејд се ожени со 39 години помлада девојка

3,249

Холивудскиот актер Денис Квејд и неговата 39 години помлада девојка Лора Савоа се венчаа на тајна церемонија на почетокот на јуни. За него, ова е четврти брак, а фотографиите од венчавката ексклузивно ги објави магазинот „Пипл“.

– Беше убаво. Додека гледав во нејзините очи, сфатив дека таа е најубавата невеста. Сум бил во брак трипати, но сега сум сигурен дека ова е она вистинското. Чувствувам дека ја најдов вистинската жена во мојот живот – рекол Квејд.






Венчавката првично беше планирана за април на Хаваи, со голем број гости, но свеченоста била одложена поради пандемијата со коронавирусот.

Конечно, Квејд (66) и Савоа го изговорија судбоносното „да“. Инаку, невестата е помлада и од неговиот 28-годишен син.

– Не барав толкава разлика во годините, односно некоја многу помлада од мене. Ја запознав на деловен настан и врската постепено се развиваше. Не можете да одлучите во кого ќе се вљубите. А, и јас не се вљубувам лесно – изјави Квејд.

Една од сопругите на Денис Квејд, беше и холивудската ѕвезда Мег Рајан.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини