ДЕНЕСКА ВО СОБРАНИЕТО СЕ ДИСКУТИРАШЕ ПРАШАЊЕТО ЗА КАТНАТА ГАРАЖА Постигнат е договор за наоѓање трајно решение

Иако Собранието нема директни надлежности во градежниот процес, презеде иницијатива во водењето на дискусиите за решавање на ова прашање, соопшти Собранието.

260

Денеска во Собранието за првпат се одржа средба помеѓу претставници на државни институции кои разговараа за долгогодишното прашање за катната гаража пред Собранието.

„Иако Собранието нема директни надлежности во градежниот процес, презеде иницијатива во водењето на дискусиите за решавање на ова прашање.






На денешната средба присуствуваа претставници од Собранието, Владата, Општина Центар, Државниот правобранител, Бирото за јавна безбедност (БЈБ), АНГО ДООЕЛ и Министерството за транспорт. Сите страни постигнаа договор за формирање работна група, со цел да се најде трајно и стратешко решение.

Оваа средба имаше за цел да обезбеди комуникација и да се обезбедат сите информации и состојби, со намера да се најде трајно решение кое ќе биде од корист и за јавноста и за Собранието. Ова прашање е од големо значење за Собранието и ние сме посветени да обезбедиме ефикасно решавање“, соопшти Собранието.

 

Поврзани содржини