Денеска во болниците има 610 пациенти кои се лекуваат од ковид-19

Вкупно 280 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а во болниците низ земјава 330 пациенти.

311
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава изнесува 610 и има околу 603 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти денеска Министерството за здравство.





Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 280 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало шест нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника четири во текот на вчерашниот ден. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 24, на Институтот за ТБЦ 17, на Клиниката за нефрологија 16, на Клиниката за Гастроентерохепатологија 16 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациенти.
Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 330 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент, во Штип 26, Тетово 14, Велес 23, Куманово 47, Охрид 35, Прилеп 34, Гостивар 18, Струга 23, Струмица 23, Кочани 2, Кичево 16, Кавадарци 21, Гевгелија 6, Дебар 11.
Поврзани содржини