ДЕНЕСКА СТУДЕНО, ПОТОА ЗАТОПЛУВАЊЕ Од утре ќе врне дожд, а на планините снег

И во Скопје денеска утрото ќе биде студено, со утринска температура од минус 5 степени. Дневната ќе се искачи само до 3 степени.

4,587

Денеска утрото ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб променлив ветер, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје претпладне ќе биде студено со појава на магла, а преку денот променливо со мала до умерена облачност.






Минималната температура ќе се движи од минус 8 во Берово до 1 степен во Охрид, а максималната ќе биде од 2 степена во Маврово, до 14 степени Целзиусови во Гевгелија.

И во Скопје утрото ќе биде студено, со утринска температура од минус 5 степени. Дневната ќе се искачи само до 3 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со појава на утринска магла понекаде во котлините. Утринските температури ќе бидат претежно околу нулата, а дневните температури во делови од земјата ќе надминуваат 10 степени.

Од вторник ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежи се очекуваат и на крајот од неделата.

Поврзани содржини