Денеска сончево од утре повторно дожд

Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната од 17 до 24 степени.

246

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност главно во претпладневните часови и претежно во планинските региони. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната од 17 до 24 степени.






Во Скопје ќе биде ведро со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер кој краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе се искачи до 21-тиот степен.

Краткотрајно стабилизирање на времето ќе има до четврток претпладне по што под влијание на нов влажен бран во текот на денот повторно ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и во петок преку ден.

Поврзани содржини