ДЕНЕСКА СОНЦЕТО ДЕЛУМНО СЕ ЗАТЕМНИ Еклипсата најмногу видлива во САД, на Балканот незабележлива
Околу 20 отсто од површината на Сонцето над Европа беше покриена од Месечината, но поради облаците на небото не можеше јасно да се види.
Денеска имаше делумно затемнување на Сонцето кое беше видливо од делови од Европа, Северна Америка и од Африка.
Околу 20 отсто од површината на Сонцето над Европа беше покриена од Месечината, но поради облаците на небото не можеше јасно да се види.
Делумното затемнување беше видливо од источниот брег на Северна Америка, Гренланд, од поголем дел од Европа, северна Русија и пд делови од северозападна Африка.
Од Балканот овој феномен беше речиси незабележлив.
За разлика од Европа, во делови од Северна Америка затемнувањето зафаќа значително поголема површина на Сонцето.
Целосното затемнување на Месечината се случи помеѓу 13 и 14 март.
Жителите на Северна Америка имаа можност да набљудуваат целосно затемнување на Сонцето на 8 април минатата година.