🎥 ДЕНЕСКА СЕ ПУШТА ПРУГАТА ОД КУМАНОВО ДО БЕЉАКОВЦЕ Еве како изгледа

Пругата Куманово - Бељаковце е долга 30,8 километри и на неа се изградени три нови железнички станици (Ново Куманово, реконструирана постоечката железничка станица Куманово, 6 стојалишта, 5 мостови, 1 тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација.

669

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце.

Тој на Фејсбук објави видео од првата фаза од железницата кон Бугарија, Куманово-Бељаковце.






Пругата Куманово – Бељаковце е долга 30,8 километри и на неа се изградени три нови железнички станици (Ново Куманово, реконструирана постоечката железничка станица Куманово, 6 стојалишта, 5 мостови, 1 тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација. На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално-телекомуникациска опрема во вредност од 10 милиони евра, алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи, лед осветлување.

 

Поврзани содржини